Шварценегер им се обрати на руските војници

by Fokus

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер се појави на социјалните мрежи и испрати порака до руските војници.

Тој објави видео во кое, меѓу другото, им порача на Русите дека „мора да им ја каже вистината за вистинските причини поради кои нивната влада одлучила да војува“.

„Вашите животи, вашите екстремитети, вашата иднина се жртвувани за бесмислена војна што цел свет ја осуди“, рече тој, обраќајќи им се на руските војници.

„На некои руски војници им беше кажано дека ќе се борат против нацистите. На некои им беше кажано дека Украинците ќе ги пречекаат како херои… Ништо од тоа не е точно. Сакам да испратам порака до руските војници кои ќе ја слушнат оваа порака – знаете дека е точно тоа што го кажувам. Сте го виделе тоа со свои очи“, додаде Арнолд, потсетувајќи се на својот татко кој се борел во Ленинград за време на Втората светска војна.

„Не сакам да живеете полуживот како татко ми. Ова не е војна во која ја браните Русија. Ова не е војна за која се бореле вашите баби и дедовци. Ова е нелегална војна“, рече тој. повикувајќи го рускиот народ да не му верува на Кремљ дека војната во Украина се води за да се избркаат нацистите од неа.

 

Поврзани новости