355
Швајцарските гласачи денеска на референдум одлучуваат за донирање на органи, за финансирање на ФРОНТЕКС и за Нетфликс.
Граѓаните на Швајцарија треба да одлучат дали донирањето органи ќе се одвива автоматски, освен во случаите кога потенцијалниот донатор експлицитно се изјаснил против тоа пред неговата смрт. Промената на законот би значела дека пациентите кои имаат потреба ќе ги добијат потребните органи многу побрзо бидејќи сите луѓе ќе се сметаат за донатори на органи, освен ако не се спротивставиле за време на животот.
Швајцарската Влада води кампања за промена на постоечкиот Закон, со што ќе им овозможи на сериозно болните пациенти да добиваат донирани органи без долго чекање.