1
Поплавена соба и распаднат таван – ваков опис дава лидерот на СДСМ, Венко Филипче објавувајќи фотографија од соба за која вели дека е во Клиничката болница во Штип.
„Ова е сликата на македонското здравство денеска со Христијан Мицкоски и Сашо Клековски“, пишува Филипче.
Според него, станува збор за катастрофални услови во кои се лекуваат пациентите и работат лекарите
„Нема доволно зборови за оваа катастрофа. За криминални тендери има пари, а за здравството нема. Кој ќе одговара? Или повторно некој друг ви е виновен?“,прашува Филипче.