Швајцарија од 1 јануари добива нов претседател

by Fokus

Швајцарскиот Парламент денеска го избра министерот за надворешни работи Игнасио Касис за следен претседател на земјата кој ќе ја преземе функцијата на 1 јануари. Касис ќе ја преземе функцијата од сегашниот претседател Ги Пармелин.

Во Швајцарија ротирачката функција на претседател по една година ја извршува еден од членовите на Федералниот совет, седумчлената швајцарска Влада.

Касис е првиот швајцарски претседател во овој век кој доаѓа од регионот Тичино каде што се зборува италијански.

Поврзани новости