Швајцарија нема да лекува украински војници: Сакаме да ја задржиме неутралноста

by fokus

Швајцарското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Владата не го одобрила барањето на НАТО повредените украински борци да се лекуваат во Швајцарија, за да не го прекрши принципот на неутралност.

– Швајцарија преку својата помош и својата хуманитарна заложба во принцип дава подобра и поефикасна поддршка на самото место отколку пациентите да бидат примени во Швајцарија, се наведува во соопштението од швајцарското МНР.

Во соопштението се потенцира дека приемот на украинските борци би бил проблематичен за неутралноста на земјата, што е камен-темелник на швајцарската надворешна политика повеќе од два века.

Според член 37 од Женевската конвенција од 1949 година, повредените и болните лица извлечени од зоната на конфликтот мора да бидат „заштитени во неутрални држави“ за да не учествуваат повторно во воени акции.

Барањето, поднесено од НАТО, кое ги координира медицинските евакуации од Украина, беше добро прифатено во кантоните пред швајцарската Влада да донесе поинаква одлука.

Поврзани новости