Швајцарија ја легализира употребата на канабис за медицински цели

by Fokus

Швајцарската влада денеска ја легализираше употребата на канабис за медицински цели. Ова ќе им олесни на пациентите да пристапат до канабис бидејќи властите повеќе не треба да бараат посебна дозвола за негово препишување.

На својот редовен неделен состанок, Федералниот совет (швајцарската влада) „одлучи да ја укине забраната за употреба на канабис за медицински цели“, се вели во владиното соопштение.

Швајцарскиот парламент веќе го одобри амандманот на законот за наркотици во март минатата година, со што се отвори патот на владата да го легализира канабисот. Новиот закон ќе стапи на сила на 1 август.

Швајцарските здравствени власти се на мислење дека новата регулатива ќе им користи на илјадници луѓе. Тоа се претежно луѓе со рак или мултиплекс склероза, чие страдање може да се олесни благодарение на употребата на канабис, јавија локални медиуми.

Поврзани новости