Швајцарија: Двајца убиени во вооружен напад, напаѓачот е во бегство

by Fokus

Две лица загинаа, а едно е рането кога маж денеска пукаше во група луѓе во градот Сион во Швајцарија, извести локалната полиција, додавајќи дека се уште трага по напаѓачот.

Кантоналната полиција на југозападот на Швајцарија соопшти дека според првите сознанија, сторителот ги познавал своите жртви.

Според полицијата, нешто пред 08:00 часот, лице кое се уште не е идентификувано пукало во неколку лица во Сион, град на Алпите.

Како што се додава, засега не се познати неговите мотиви.

Полицијата соопшти дека ангажирала голем број лица за приведување на сторителот на нападот, а кантоналното обвинителство отвори истрага.

Поврзани новости