Советникот на СДСМ во советот на Градот Скопје, Гордан Шутаров, во говорот на вонредната сединица дека за само 1 година локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска во Скопје предизвикаа катастрофа, катализма во главниот град и Скопјани ги оставија без јавен превоз.
-За прв пат во својата историја на Градот Скопје, граѓаните останаа без јавен превоз. Прв пат од независна Македонија па до денеска, пензионерите, средношколците, граѓаните да не можат да користат јавен превоз. Помина само 1 година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска за да се случи ваква катаклизма со јавниот превоз. Најгневни од сите се скопјани и тоа со право, рече Шутаров.
Советникот на СДСМ потсети дека во буџетот на Град Скопје за 2022 година, заедно со ребалансот на 30.06.2022 година за ЈСП беа предвидени вкупно 530.000.000 денари или 8.6 милиони евра.