Армијата ќе дејствува со еден хеликоптер со ведро за гаснење пожар на непристапен терен над село Галичник, за чие избувнување е добиена информација денеска околу 13:30 часот, соопшти Центарот за управување со кризи. Од ЦУК информираат дека ќе се обезбедат и координати и лице на терен за комуникација со хеликоптерскиот армиски екипаж.
„Известена е и Дирекцијата за заштита и спасување, Локалните едининици за противпожарна заштита, Министерството за внатрешни работи, а и другите субјекти од Системот за управување со кризи, согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи“, се наведува во соопштението.
Инаку, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење.