585
Проблемот со дрвокрадците не е од денеска и постои многу одамна. Разговараме со Шумската полиција, но и со Министерството за внатрешни работи (МВР) да се зајакнат контролите за решавање на проблемот со дрвокрадците, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
-Веќе разговаравме со надлежните во Шумската полиција да ги зајакнат нивните контроли, но исто така разговараме и ќе продолжиме да разговараме со МВР да се вклучи во решавањето на проблемот со дрвокрадците, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање при посетата на компанијата „Витаминка“ во Прилеп.