Шумочувар физички нападнал кичевец

by fokus
Триесет и осум годишен жител на Кичево синоќа пријавил во полициската станица дека  бил физички нападнат од Г.К. 47-годишен од Кичево вработен како шумочувар во Шумското стопанство „Лопушник“.
Портпаролот на СВР – Охрид информира дека на физичкиот напад претходела вербална расправија.
По целосно документирање на настанот, полициската станица од Кичево, ќе поднесе соодветна пријава.

Поврзани новости