Легендарниот германски Формула 1 возач, Михаел Шумахер е префрлен на траен третман во париската болница „Жорж Помпиду“ и е сместен на одделот за кардиохирургија.
Засега нема информации што точно се случува, но францускиот весник „Ле Паризиен“ пишува дека Шуми има проблем со срцето.
Шумахер бил однесен на носилки кои биле прекриени со темно сина прекривка, за да не се види неговото лице, ниту телото.