Тоа е склад со бои и лакови и тоа се органски материи. Автоматскиот мониторинг на државата мери неоргански испарливи материи. Во случајов во државата нема акредитирана метода со која се мери испарување на органски загадувачи.
Ги консултиравме сите лаборатории, но не можат да излезат на терен бидејќи немаат акредитирана метода, но излегоа на терен Центарот за управување со кризи, Институтот за јавно здравје и Државниот инспекторат за животна средина, изјави министерка за животна средина, Каја Шукова за пожарот за магацинот со бои и лакови во тетовското село Фалише.
Сега се чекаат анализите на ИЈЗ за водата и почвите.
-Ваквите компании не потпаѓаат на системот на интегрирани дозволи, туку на контрола врз основа на доставен елаборат. сега општината треба да провери дали складот дали работел со предвремени мерки и дали има елаборат за заштита на животната средина. Ние не сме истражен орган, кажа Шукова.
Како што истакна, евидентно е дека ќе има загадување на воздухот и за жал, не може да се измери бидејќи е од органски испарливи материи. Додаде ќе има загадување и на почвите и водите.