Шукова: Потребна е лидерска средба, политиките на поделба мора да престанат

by Fokus

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова во тв гостување ја истакна потребата од лидерска средба на сите парламентарни партии, која ја иницираше СДСМ за стабилност и смирување на ситуацијата.

– Сакаме да им покажеме на граѓаните дека партиите се сложни дека вакви меѓунационални односи, коишто имаат тенденција на пореметување во овие денови, не треба да има повеќе, треба да се смири состојбата, да покажеме дека сите сме на иста страна, дека сите сакаме да има ред и мир, впрочем тоа и го покажуваме во годините наназад, дека можеме да градиме мултиетничко општество заедно, истакна Шукова.

Владејачката структура во моментов не прави разлика дека одговорноста е на оние кои ја управуваат државата, а тоа се тие, СДСМ во моментов е опозиција, рече Шукова, додавајќи дека политиките на СДСМ иако во моментов се насочени на консолидација на партијата и понатаму гради политики на соживот, како и досега.

Потпретседателката на СДСМ истакна дека политиките на поделба имаат краток политички бенефит, меѓутоа имаат долгорочни штети за граѓаните во државата.

– Колку помалку поделби, толку подобро за граѓаните, порача Шукова.

Поврзани новости