0
Поранешната министерка за животна средина Каја Шукова, професорката од Правниот факултет во Скопје Ана Чупеска, Методија Илиевски член на Советот на општина Битола и Кристина Костова член во Централниот одбор во СДСМ ќе бидат потпретседатели на СДСМ.
СДСМ вечерва ја одржува првата седница на Централниот одбор, на која е направен изборот за потпретседатели.
За генерален секретар е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од општинската организација на СДСМ во Гази Баба.
За организациони секретари пак се избрани Љупчо Фармаковски од СДСМ Центар и Мартин Костовски пратеник во Собранието.