Шукаров: Пензионерите може да се свртат кон оној политичар што ќе даде повеќе

by Fokus

Почнав да се занимавам со пензискиот систем во 2016 година, но од аспект на макроекономија. Во истражување откривме дека пензиите се извор на раст во Македонија. Тие имаат голема политичка, социјална и економска димензија. Пензиите се 13 отсто од БДП на државата и од нив може да има значаен ефект, а ако има грешка во пензискиот систем тоа ќе се види по 20 години, а потоа нема време за враќање и поправање, вели проф. Мирољуб Шукаров за Утрински брифинг.

Тој додава дека пензиите се доход на една ранлива категорија која со политичка манипулација, пензионерите можат да се свртат кон оној што ќе вети повеќе, коментира проф. Шукаров.

-Анализата од 2016 година, покажува дека тогашните бројки  денеска се реалност. Во тоа време пензискиот фонд изгуби еден главен ресурс,  се намали процентот што од приходите го добиваше пензискиот фонд и стаса до 12 отсто со појавувањето на приватните пензиски фондови, коментира тој.

Споре Шукаров новите генерации имаат договори за работа на пониска плата, а разликата да им се надоместува со договори на дело, што не е и нема да биде  добро за пензиските фондови.

-Во овој момент, кога минималната плата се зголеми ќе се зголеми и придонесот кон пензискиот фонд. Растот на пензиите е 2,9 отсто, а минималецот е зголемен за 7 отсто и таа дискрепанца не е во ред, коментира тој.

Шукаров вели дека она на што трошат пензионерите, а тоа е храната и комуналните услуги, се многу поскапени во последната година. Пензионерите се гласачко тело од 300.000 луѓе и за очекување е дека пензиите ќе бидат зголемени оти тоа е исплатлив политички маневар.

 

Поврзани новости