Штрајкувачите ќе бидат заменети со заменски наставници

by Фокус

Откако наставниците најавија генерален штрајк на 20 јануари, со експресна реакција се јавија и од Министерството за образование. Тие, по вторпат тврдат, што се смета и како еден вид на притисок, дека ако наставниците од основните и средните училишта излезат на штрајк, веднаш ќе бидат заменети со заменски наставници.

Со вакви притисоци наставниците се соочија и при последната најава за генерален штрајк, кој беше ставен во мирување, само неколку денови пред да почне бидејќи ресорното министерство побара од нив преку социјален дијалог да ги решаваат наталожените проблеми. СОНК имаше неколку барања меѓу кои главни беа зголемувањето на платите и укинувањето на екстерното тестирање во делот на казните.

Поврзани новости