Штрајк во градинките во Чаир, вработените не ја земале ноемвриската плата

by fokus

Градинката „Снежана“ во Чаир од вчера е во штрајк затоа што вработените два месеци не земале плата. Од денеска најави дека ќе штрајкува и градинката „Фидани“.

Од двете градинки велат дека вработените се уште не ја земале ноемвриската плата. Вчера беа празни двата објекти на градинката „Снежана“, а на влезните врати пишуваше „Штрајк“.

Од општина Чаир велат дека знаат за штрајкот и дека проблем претставуваат административните пречки, затоа што општинскиот совет се уште нема претседател.

„Усвоените одлуки од страна на општинскиот Совет имаат правосилност само откако ќе ги потпише претседателот на Советот во согласност со член 48 став 3 од Законот за локална самоуправа во кој се вели: „Претседателот на Советот ги потпишува начелата кои ги усвоил Советот во рок од три дена од денот на донесувањето и му ги доставува на градоначалникот на општината за објавување,“ соопштуваат од општината.

Поврзани новости