Штрајк на железничарите во Австрија, бараат повисоки плати

by Fokus

Поради штрајк целосно е во прекин железничкиот сообраќај во Австрија.

Еднодневниот предупредувачки штрајк ги погоди и сите меѓународни железнички врски со Австрија. Германскиот оператор „Дојче Бан“ најави дека ноќните возови од и до Австрија ќе бидат во прекин до утре.

Во Австрија инфлацијата достигна 11 проценти, а железничарите бараат просечно зголемување од 12 отсто на платите за да ги надоместат загубите. Бидејќи претставниците на работодавачите вчера понудија зголемување од само 8,4 насто, преговорите беа прекинати без да се определи датум за нови преговори.

Државната железничка компанија „ÖBB“ минатата седмица уште пред штрајкот недела повика за денеска да не се планира патување со воз. Според „ÖBB“, во Австрија дневно сообраќаат околу осум илјади патнички и товарни возови, а се превезуваат околу милион патници.

Поврзани новости