Штрајк на помладите лекари во Британија, бараат повисоки плати

by Fokus

Помладите лекари во Велика Британија денеска започнаа четиридневен штрајк барајќи повисоки плати.

Како што пренесува Хина, штрајкот најверојатно ќе предизвика големи нарушувања во здравствениот систем, поради што владата предупреди на ризици за безбедноста на пациентите.

Повеќе од десетици илјади помлади лекари, кои сочинуваат речиси половина од медицинската работна сила, штрајкуваа.

Синдикатот на лекарите, Британската медицинска асоцијација (БМА), бара зголемување на платите за 35 отсто.

Од БМА тврдат дека платите на членовите на здружението се намалени за 26 отсто поради инфлацијата во период од 15 години.

Штрајкот на помладите лекари уследи по минатомесечниот тридневен прекин на работата на британските лекари.

Директорот на јавното здравство во Англија, Стивен Пауис, оцени дека овојпат ќе има „значително повеќе“ откажувања на операции и интервенции отколку за време на последниот штрајк.

Поврзани новости