494
Медицинскиот персонал денеска штрајкуваше во Велика Британија, со барања за зголемување на платите поради поскапувањето и кризата во јавниот здравствен систем.
Медицинските сестри и техничарите собрани пред болниците носеа плакати на кои пишуваше „Време е да се исплатат правични плати на здравствените работници” и „Недостигот на персонал чини животи”.
Околу сто илјади медицински сестри и болничари учествуваат во штрајкот, прв по 106 години од основањето на нивниот синдикат.
Штрајкот ќе продолжи утре, а потоа на 20 декември, а ќе ги зафати Англија, Велс и Северна Ирска.
Некои сектори веќе ги одржаа најавените штрајкови, а некои ќе ги продолжат викендов. Меѓу нив се железничарите, вработените во поштата и во граничната полиција.
Конзервативната Влада вети дека ќе воведе закон за намалување на моќта на синдикатите и одбива да се вклучи во преговорите. а