Што велат за Апасиев неговите поранешни соработници?

by fokus

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев стана познат во јавноста како како еден од гласноговорниците на движењето за социјална правда „Ленка“. Тој и другите членови на Движењето беа редовни на сите протести на „Шарената револуција“ против власта на чело со Никола Груевски.

Потоа, со членовите и луѓе од движењето „Солидарност“ пред изборите во 2016 година ја основаше партијата Левица. По долга судска битка за превласт во партијата Апасиев го победи Здравко Савески и удобно се смести на лидерското место.

Поранешниот член на Президиумот на Левица и сегашен граѓански активист, Ана Глигорова, го опишува Апасиев како амбициозен, борбен, аналитичен и темелен.

– Тој во самиот почеток на формирањето на партијата не покажуваше тенденција да владее со ситуација, туку беше тимски работник. Во тоа време владееше во Левица борба на мислења, пред сѐ, во контекст на марксистичката теорија и нејзиното имплементирање во програмата на партијата.

 

Партијата беше богата со интелектуалци, познавачи на општествените науки, силни ентузијасти, борбени во контекст на работничките права и социјалната правда, раскажува Глигорова за „Фокус“.

Апасиев, како што објаснува таа, бил дел од правниот сектор, а покажувал силна заинтересираност за сите неправди што се случуваа во правосудниот систем во 2015-2016.

Неговиот поранешен сопартиец и соборец во „Шарената револуција“, Савески нема да каже ништо добро за Апасиев и го обвинува за узурпирање на Левица преку фалсификување документи.

– Тој милува многу да зборува за владеењето на правото, но не дозволува правото да му застане на патот кога сака да го истера тоа што сака.

 

А тоа што за своето кривично дело не беше казнет, туку награден, за него значи само дополнителна мотивација и во идни прилики да го направи истото, вели Савески за „Фокус“.

Глигорова објаснува дека зголемувањето на бројот на гласови и популарноста се должи на вокабуларот на партијата, кој е близок на сите оние што се разочарани од политиките, пред сѐ, на ВМРО-ДПМНЕ.

За популарноста на Апасиев, пак според Савески, виновен е премиерот Зоран Заев, кој од Договорот во Преспа до односите со Бугарија, направил серија политички потези, кои предизвикале очекувана иритација на етничките чувства кај етничките Македонци.

Според него, од левичарска гледна точка, неговите политички чекори се за секоја осуда и го карактеризираат како десен радикал.

Фросина Факова-Серафиновиќ

Целиот текст може да го прочитате во електронското издание на неделникот Фокус.

Поврзани новости