Две третини од српските граѓани поддржуваат повторно воведување на задолжителна воена служба, покажуваат резултатите од анкетата на јавното мислење спроведена од Центарот за геостратешки истражувања и тероризам.
Вкупно 63,81 процент веруваат дека модернизацијата е неопходна за Военото воздухопловство и противвоздушната одбрана (РВПВО), а 25,22 проценти тоа го сметаат за копнената војска.
Од анкетираните, 47,35 отсто веруваат дека РВПВО има направено најголем напредок во модернизацијата во изминатите пет години, а 24,14 проценти одговориле дека ниту еден вид на Војската на Србија (ВС) не бил модернизиран во тој период.
Две третини од испитаниците, или 66,4 проценти, веруваат дека концептот на милитаризација не е надминат во 21. век, а 61,81 отсто сметаат дека е неопходно да се зголеми бројот на мировните сили, додека 67,3 проценти изјавиле дека е потребно да се зголеми и резервниот состав на српската армија.