475
Кремљ најави дека „референдумите“ за присоединување што ќе завршат денеска во четирите украински зони под контрола на Москва ќе доведат до промени за тие територии, главно во однос на безбедноста со можна нуклеарна заштита, пренесе БТА.
– Ситуацијата радикално ќе се промени од правен аспект, од гледна точка на меѓународното право, со сите релевантни последици за целите на заштитата и гарантирањето на безбедноста на овие територии, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.