343
Случувањата во последните два месеца ме мотивираа да поднесам кандидатура за нов мандат во Основно јавно Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, рече суспендираната јавна обвинителка Вилма Русковска.
-Во повеќе наврати изјавив дека немам намера да се кандидирам за истото работно место и мојата кандидатура за заменик републички обвинител го покажува токму тоа. Но, по природа сум борец и сето ова што се случи во последните два месеца ме мотивира повторно да поднесам пријава за истото работно место. Да не беше временото оддалечување од работното место, да не беше предлогот за поведување на дисциплинска постапка, сигурно немаше повторно да се пријавам – истакна Русковска на Телма.