542
Вметнувањето на протоколот во преговарачката рамка го прави францускиот предлог неприфалтив за нашата страна, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи на 360 Степени.
-Бидејќи се создаде таква хистерија по однос на францускиот предлог, а генерално таму е едно прашање на коешто забележуваме и сметаме дека го прави неприфатлив за нас. Тоа е прашањето на вметнување на протоколот во преговарачката рамка, иако и во досегашните предлози и на Комисијата и во текот на германското и португаското и словенечкото претсеадтелство, секогаш, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство биле во основниот документ, во преговарачката рамка во параграфот 5 – рече Османи.