Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец, истиот повремено ќе засилува. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со умерена локална облачност.
Во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 28 степени.
Потоа и во следните денови ќе продолжи нестабилното време со локална појава на пороен дожд, грмежи , засилен ветер и услови за локална појава на град, особено за време на викендот и на почетокот од следната недела. Најстабилен ден ќе биде утрешниот ден петок кога ќе има услови само за сосема ретка појава на краткотраен дожд, особено на североисток.
Подготви: Славчо Попоски