Крајот на годината и првиот месец од новата со себе секогаш носат една посебна магија – и не, не говориме за снежната идила, туку за намалувањата во омилените брендови на кои секогаш толку многу чекаме!
Откако уживавме купувајќи ги омилените парчиња на намалувањето од -50%, сега е вистински момент да си ги набавиме сите останати на уште поголемо од -70%, чиј старт за официјален го прогласуваме токму денеска.
Сега е совршен момент да инвестирате во сите шармантни парчиња во кои одново се заљубувавте, а со кои допрва во пролетта ќе раскажуваме стилски приказни.
Постои ли нешто поубаво од чувството на топол џемпер во комбинација со омилениот лежерен фустан во првите сончеви денови, надополнет со рамни чизми во кои ќе посакате да го поминете секој еден миг…
Ова се само дел од парчињата што не смеете да ги пропуштите на ова сезонско намалување, а на списокот задолжително додадете ги и впечатливиот капут по совршена цена како никогаш досега, рамните чевли за неодолива топла сезона, патиките за уште многу авантури, но и чантите без кои не можеме никаде.
Додадете им луксуз на комбинациите во кои веќе уживате со уникатни модни додатоци како шапки за кои никогаш не мислевте дека ќе ги носите, накит во златна нијанса, па дури и очила кои следнава сезона доаѓаат во тотално необични форми.
На оваа фаза намалување секогаш е толку тешко да и се одолее, па ако сè уште не ги посетивте продавниците на нашите брендови или не ја разгледавте понудата онлајн, денеска е совршен ден за тоа.
Со оглед на тоа што пролетта е време за промени, овојпат поголеми од било кога, да ја почнеме новата ера со шик парчиња што ќе ги добиеме на неодоливо намалување како никогаш досега.
Целата понуда од намалувањето ја гледате на следниов линк https://bit.ly/36dliDa , но и во продавниците на нашите брендови.
ПР