534
Штипскиот затвор пред 40 дена испратил наредба во Министерството за внатрешни работи за распишување потерница за Фејзи Азири, обвинет за тероризам во случајот „Монструм“. Сепак полицијата го уапси Азири дури вчера, откако го најде хоспитализиран на Клиниката за пулмологија.
На денешниот брифинг во Кривичниот суд, претседателот, Иван Џолев рече дека судот нема законски пропусти во овој случај. Надлежно за распишување на потерницата е, рече тој, Министерството за внатрешни работи.
Вчерашното судење за „Монструм“ беше одложено затоа што Азири не се појави на суд. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска изјави дека неговото апсење не доаѓа предоцна, туку дека лицето е уапсено кога и било пронајдено.