Штипската „Пастрмајлијада“ продолжува вечерва: Во кафеаните и рестораните повисока е цената на пастрмајлијата!

by Fokus

Со сечење на џиновската пастрамајлија синоќа почна 14.издание на штипскате манифестација  „Пастрмајлијада“. Штипјани, но и гостите од земјава уживаа во настапите на ДНК, хрватската пејачка Јелена Розга, оркестарот на маестралниот Џамбо Агушев, а за младите забавата продолжи со познати диџеи.

Оваа манифестација се одржува по две години пауза, за разлика од претходните години доминираа штандовите на винариите и пивниците, помал е бројот на штандови на ресторани, од причина што цела вечер се отворени и ја нудат пастрамајлијата во нивните објекти.

На манифестацијата познатиот штипски гурмански бренд се продава по цена од 190 денари, додека во кафаните и рестораните цената е повисока, но се нуди со нормалните количини на месо и страндраната големина на пастрамајлијата.

Манифестацијата продолжува и вечерва со настапите на Зоран Илиев, Куку Леле и Тони Цетински. 

Поврзани новости