88
Полицијата поднесе кривична пријава против родители од Штип кои ги оставиле своите малолетни деца заклучени во автомобил, на паркинг.
Според информациите од МВР, родителите се на возраст од 42 и 27 години.
Децата подолг период останале заклучени на паркингот, додека тие биле во казиното.
Кривичната пријава се однесува за делото запуштање и малтретирање на дете.