По синоќешните обилни врнежи, кои предизвикаа излевање на неколку реки, денеска се лоцираат направените штети. Општина Штип ги извести граѓаните дека водата за пиење во овој момент не е за употреба и истата треба да се користи само како техничка вода.
– Причина за тоа се обилните врнежи кои предизвикаа заматување на водата во бунарите и како мерка на безбедност уште еднаш апелираме истата да се користи само како техничка вода. Општина Штип ја следи состојбата со водостојот на реките во штипскиот и лакавичкиот регион, по излевањето на Лакавичка и Балталиска река, како и со поединото излевање на Брегалница, а посебно со истекувањето на вода од браната Мантово, велат од општината.
Без вода е селото Лакавица и ЈП „Исар” веќе испраќа цистерни со вода за времено снабдување на жителите, се до повторно воспоставување на водоснабдувањето. Исто и во Штип ќе има кружење на неколку цистерни за вода за снабдување на оние кои проблеми во водоснабдувањето.
Невреме проследено со поројни дождови и град ја зафати и општина Радовиш. Од надојдените води поплавени се голем број станбени објекти и земјоделските посеви. Без вода за пење е и дел од населенито во овој град.
И во Демир Kапија и Гевгелија поради непрекинатиот дожд кој паѓаше во текот на целиот ден зголемен е водостој на реките Дошница и Бошавица.