472
Министерството за внатрешни работи информира дека СВР Штип поднесе кривична пријава против С.С.(27) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лажно преставување“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Информациите се дека во периодот од 03 до 08 јули годинава, пријавениот на социјалната мрежа Фејсбук креирал лажни профили, злоупотребувајќи ги личните податоци и фотографии на двајца вработени во СВР Штип, при што лажно се преставувал во нивно име.
Тој во три наврати довел во заблуда лице, изнудувајќи му 5.400 денари.