62
СВР Штип поднесе кривична пријава против З.К.(52) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
Во септември 2022 година, додека пријавениот издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип, организирал набавка и внесување на хероин во затворот.
На 10.09.2022, дрогата била пронајдена при проверка на пакет донесен од мајка на друг осуденик.