50
МВР информира дека денеска во СВР Штип, 45-годишна жена од Штип пријави дека во семејниот дом, нејзината 17-годишна ќерка била физички нападната од нејзиниот татко А.Т.(51) од Штип, кој употребил и тврд предмет.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.