Штип ќе биде домаќин на вежбата „ Национален одговор 2019“, што ќе се одржи од 16 до 19 септември, а во неа ќе бидат вклучени сите институции, што се ангажираат при елементарни непогоди, соопшти денеска Никола Тушев, советник во Кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, кој беше дел од денешната главна планирачка конференција за претстојната национална вежба што се одржа во штипската касарна „Јане Сандански“.
Полковник, Жикица Јовановски, директор на вежбата „Национален одговор 2019“, истакна дека елементарните непогоди стануваат сериозна закана за граѓаните и затоа за оваа година ја планираат и оваа вежба, со цел да се стави во функција системот за управување со кризи.
Според Јовановски, преку вежбата ќе се согледаат сите слабости, пропусти и каде треба да се интервенира во системот за справување со кризи.