Штип е подготвен за вечерашниот меч: Бизнис секторот и институции организираа поставување на видео бим

by fokus

На градскиот плоштад во Штип е поставен видео бим на кој вечерва граѓаните заедно ќе можат да го следат преносот на фудбалскиот меч помеѓу репрезентациите на Македонија и Португалија.

Пред тоа, во 19 часот пак, штипјани ќе го гледаат финалето на Европско првенство во борење, на кое учествува штипјанецот Егоров од БК Балканец.

За ,,Фокус” градоначалникот Иван Јорданов вели дека штипјани ги очекува возбудлива вечер, и заедничко бодрење на нашите спортисти.

-Поради огромниот интерес и големата еуфорија после победата на Македонија во натпреварот со Италија, Општина Штип одлучи да организира следење на вечерашниот дуел со Португалија на градскиот плоштад. Во соработка со неколку институции и бизнис секторот, во текот на денот ќе се постави видео бим на кој во живо ќе се следи фудбалскиот натпревар.

Идејата потекна од граѓани, љубители на спортот и ние со задоволство прифативме да организираме групно следење на натпреварот, за заеднички да ги славиме победите на нашата македонска репрезентација.

Во контекст на овој натпревар, во 19:00 часот ќе проследиме и мечот на борачот Егоров од славниот БК Балканец, кој стигна до финале на Европското првенство во борење – изјави Јорданов.

Вики Клинчарова

Поврзани новости