339
Силен дожд и град вчера доцна попладнето го зафати градот Ресен и околните населени места во Преспа. Од Општина Ресен за МИА потврдуваат дека невремето, обилниот дожд, градот и грмотевиците предизвикаа штети кои ќе се евидентираат во текот на денешниот ден.
Силните грмотевици предизвикаа неколку часовен прекин во снабдувањето со електричната енергија во Отешево и неколку други населени места, а во градот струја немаше еден час.
Најголема штета е предизвикана кај јаболката, но и други земјоделски насади, рекоа вчера од Општина Ресен.