672
Штетата предизвикана од катастрофалните поплави минатиот месец во Германија најверојатно ќе достигне 26 милијарди евра, изјави кандидатот за канцелар на конзервативците, Армин Лашет.
-Според првичните процени, само во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија вкупната штета се зголемува на повеќе од 13 милијарди евра – рече претседателот на Христијанско-демократската унија и премиер на провинцијата која беше погодена од невидени поплави.
Катастрофалните поплави што ја погодија западна Германија на 14 и 15 јули однесоа најмалку 190 животи.