Штетата во Собрание ќе биде платена, ама штетата по демократијата е неповратна, тврди пратеникот од Левица

by Fokus

Пратеникот од Левица – Борислав Крмов вели дека материјалната штета која ја предизвика вчера во Собранието ќе ја плати, но според него, штетата од процесот со кој се укина парламентарна демократија е неповратна.

„Слободно, нека ми ја пратат сметката, тоа е најмалиот проблем. Ќе ја платиме штетата, но штетата од процесот кој што се случи е неповратна. Собранието, на еден начин се самоукина. Собранието сега е само обичен извршител на Владата и следната влада којашто ќе дојде на власт, практично веќе нема да има Собрание“ – рече Крмов на Инфомакс.

Тој рече дека во Собранието треба да има судир на идеи и повеќе политички опции.

Според него, по вчерашното фрлање на амандманите, мислејќи на неархивирањето и неприфаќањето на амандманите на Левица, нов Деловник воопшто не му е потребен на Собранието.

„После ова денеска не му ни требаат промените на Џафери и на ВМРО-ДПМНЕ, а и на останатите. Тие ако може вака да фрлаат амандмани не мора ни филибастерот да се укинува, иако сега формално е укинат“ – рече Крмов.

Поврзани новости