476
По вчерашниот пожар во Тетово, сопственикот на компанијата „Пофикс“ рече дека материјалната штета ја надминува бројката од над 12 милиони евра.
– Штетата е многу голема, над 12 милиони евра – изјави сопственикот на компанијата за Клан Македонија.
Сопственикот на „Пофикс“ им се заблагодари на сите кои помогнаа да се изгасне пожарот кој ден претходно ја зафати неговата фабрика. На прашањето дали се познати причините за овој пожар, тој рече дека причината за пожарот е водата, поточно дождот кој ден пред да се случи пожарот предизвика поплави во одредени делови на Тетово.