Штета би било да го пропуштиме моментот со надеж за подобар предлог, порачува Маричиќ

by Фокус

Би била вистинска штета и за државата и за идните генерации овој момент да го пропуштиме сметајќи дека ќе добиеме во иднина можеби подобар предлог. Не би било одговорно да се одбие предлог во кој сме ги постигнале барањата со надеж дека ќе ни се понуди друг. Напротив, секое одлагање и губење време ни отвора можност за нови дневнополитички случувања, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата во Скопје со неговите колеги од Финска и Ирска, Тити Тупураинен и Томас Бирн.

-Не е момент за непотребно одлагање, момент е за трезвена дискусија, разумна дискусија која ќе не одведе до долго посакуваната цел – отпочнување на преговорите. Колку повеќе го одолговлекуваме процесот, толку ќе биде потежок за решавање. Без разлика на одлуката која ќе ја донесе Владата во врска со францускиот предлог, полноправното членство во ЕУ останува наша стратешка цел и остануваме целосно посветени на реформскиот процес – посочи Маричиќ.

Поврзани новости