Штербик имал срцев удар, лекарите му го спасиле животот

by Fokus

Страшна вест од светот на ракометот.

Поранешниот голман на скопски Вардар – Арпад Штербик доживеа срцев удар! Благодарение на експресната реакција на лекарите немало трагичен исход, му го спасиле животот.
Веднаш бил пренесен во болница и оттаму доаѓаат добри вести.

Веспрем објави и потврди дека Арпад се чувствува добро.

„Нашиот тренер на голманите не отпатувал со тимот. Во текот на утрото се чувствувал лошо, отишол во болница и му бил дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата реакција на лекарот, неговата состојба е подобра. Тој може да ја напушти интензивната нега уште утре. Посакуваме Арпи да се опорави што е можно поскоро“ велат од Веспрем.

Арпад е роден во Сента, кариерата ја започна во Југовиќ, а потоа бранеше за Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Вардар.

Со репрезентацијата на Југославија освои бронза на СП во Египет (1999) и Франција (2001), а потоа во 2008 година го промени државјанството и бранеше за Шпанија со која освои злато и бронза на СП. Со нив има злато и сребро од ЕП.

 

Поврзани новости