Штајнмајер ќе се прошета низ чаршија и ќе се сретне со екипата на „Медена земја“

by fokus

Германскиот претседател Франк – Валтер Штајнмајер во рамки на дводневната официјална посета на земјава денеска ќе прошета низ Старата скопска чаршија, а во Чифте аман ќе се сретне со екиптата на македонскиот документарен филм „Медена земја“.

Тој ќе има средба и со младинци посетители на Политичкото училиште на Претседателскиот центар за политичко образование.

Попладне Штајнмајер ќе го посети Ветерниот парк во Богданци, прв од ваков вид на Западен Балкан, а потоа и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци.

Шефот на германската држава вчера имаше средби со неговиот домаќин претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и пред пратениците во Собранието каде порача дека Северна Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области.

За патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор, рече Штајнмајер и изрази уверување дека земјата може и понатаму да се потпре на поддршката на Германија на патот кон ЕУ, но дека мора да продолжи со рефорската агенда.

Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Северна Македонија. Од Скопје, германскиот претседател заминува во посета на Албанија.

Поврзани новости