Штајнмаер: Авганистан е срам за Западот

by fokus

Германија е исто така виновна за драматичната ситуација во Авганистан, изјави германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

-Овие денови во Авганистан, гледаме човечка трагедија за која ние самите сме виновни. Тоа е пресвртница што не тресе и што ќе го промени светот – рече Штајнмаер.

Тој додаде дека драматичните слики од Кабул и настаните во Авганистан „никого не оставаат рамнодушен“.

-Сликите на очај од аеродромот во Кабул се срам за политичкиот Запад – рече германскиот претседател.

Поврзани новости