Од штабот на кандидатот за претседател, Блерим Река, се оградуваат од ининуациите дека тој и кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, снимиле заедничко видео. Видеото во кое се пласира интервју од двајцата кандидати, како што велат од штабот на Река, е направено од „Другата страна на политиката“.
„Во врска со неовластено видео кое се појавува и циркулира на Фејсбук страницата, ние штабот на претседателскиот кандидат Блерим Река, ја информираме јавноста за следното:
-Ова видео не е ниту производство на штабот на РЕКА, ниту нарачано видео за нашиот штаб.
-Тоа никогаш не е објавено ниту е нарачано од нашата официјална страница, но на други различни страници на фејсбук.
-Автор на ова видео е: „Другата Страна на Политиката“, која ја има реализирано идејата за трите профили од тројцата претседателски кандидати. На барањето одговори нашиот кандидат, но не и кандидатот Стево Пендаровски.
-Од ова се створи забуна затоа што луѓето мислат дека двајцата кандидати снимија заедничко видео, а тоа не е вистина.
-Преку ова официјално соопштение ние негираме секое инсинуација против нашиот претседателски кандидат кој наводно има заедничко видео со противкандидатот Гордана Силјановска“, пишуваат од штабот на РЕКА.