Пред да дадат било каков коментар во врска со приватните превозници, од ВМРО-ДПМНЕ би требало да го консултираат „шпицниот-рекетар“ да објасни дали знаел каде одат парите кои се исплаќани на „Слобода Превоз“ каде што директор е Ленин Јовановски и дали се користеле за приватни бизниси токму на личниот пријател на „шпицниот-рекетар“ наместо да се исплаќаат во целост на приватните превозници реагираат од Кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска на соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
– Апелираме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да се служи со лаги и со манипулации. Како што кажаа и превозниците на денешната прес-конференција, градот Скопје нема долг кон нив. Постојат тековни побарувања со ЈСП за кои е договорена нова динамика на исплата, како сите би имале сигурност дека овие пари завршуваат на вистинското место – директно кај превозниците, а не на приватни сметки на пријателот на „шпицниот-рекетар“. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, чии советници од петни жили го бранеа приватниот интерес на Ленин Јовановски и „шпицниот рекетар“, никогаш повеќе нема да дозволиме, пари на граѓаните на Скопје да се трошат за лични бизниси и богатење на поединци. Нема да дозволиме поединци да се богатат со народни пари врз грбот на чесните превозници се наведува во соопштението од Град Скопје.