Шпицниот градоначалник и Арсовска се на листата на најнеспособни, велат од СДМ

by Fokus

„Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски ги излажа скопјани, ВМРО-ДПМНЕ направи катастрофа во Скопје“, се наведува во соопштението од СДСМ.

„Данела Арсовска, кандидатката на Мицкоски, за која тој лобираше кај граѓаните и ги повикуваше да гласаат за неа, како за најдобра менаџерка, се покажа како најнеспособен градоначалник на Скопје.

По една и пол година од мандатот Скопје нема реализација на ниту еден важен проект, нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, градскиот превоз е нефункционален, јавните претпријатија се во хаос.

Нема ни довршување на наследените и веќе започнати проекти, како реконструкцијата на Универзална сала и мостот АСНОМ, а изградбата на улицата Есенинова и клучката кај Момин поток, стојат во место“ се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости