468
Земјите членки на Европската Унија се согласија да организираат обука за 15.000 украински војници што е можно поскоро, објави списанието Шпигел.
Според планот, за кој ќе се преговара во Брисел следната недела, Полска ќе добие средства од ЕУ за формирање на седиштето, додека некои делови ќе се одвиваат во други земји од ЕУ.
Шпигел во својот извештај се повикува на неименувани извори од ЕУ.
Германскиот канцелар Олаф Шолц во август изјави дека Берлин ќе обучува украински војници, додека Данска најави дека ќе поддржи проект за обука на 130 војници предводен од Британија.