Шпекулација или вистина – и Бензема оди со Саудиска Арабија?!

by Fokus

Шпански „Ас“ пишува дека францускиот голгетер Карим Бензема (35) е се поблиску до заминување од Реал Мадрид.

Моментно неименуваниот клуб од Саудиска Арабија, наводно на францускиот центарфор му нуди 400 милиони евра за две сезони, како и улогата на амбасадор за кандидатурата на Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.

Истиот извор додава дека Реал Мадрид го очекува заминувањето на Бензема и дека клубот е подготвен за тоа.

Во шпанските медиуми се пишува дека Бензема во последно време чудно се однесува.

„Тој е поинтровертен од вообичаено. Неговото отсуство по натпреварот на Реал против Хетафе предизвика возбуда бидејќи не беше со остатокот од тимот за да слави со навивачите кои го освоија Купот на крајот од сезоната“ пишуваат шпанските медиуми.

Бензема оваа сезона ја освои Златната топка, а за Реал постигна 30 гола и шестпати асистираше во 42 натпревари.

Тој пристигна во Реал Мадрид во јули 2009 година од Лион за 35 милиони евра и стана еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.

Неговиот договор со Реал Мадрид трае уште еден месец и сигурно е дека мадридскиот клуб нема да добие никакво обештетување доколку Бензема реши да замине во Саудиска Арабија.

Според Transfermarkt, Бензема сега вреди 35 милиони евра.

Поврзани новости